Select Page

Искуства

…Во Покров го пронајдов најдоброто од себе си. Таму научив да се разбирам и да ги разбирам другите. Огромна радост ми причинува тоа што сум жива и здрава, среќна, не тажна и не пресреќна. За прв пат собрав храброст да издржам и продолжам понатаму…

…Ми се допаѓа искреноста од членовите на заедницата и позитивната атмосфера.Ако се има мотивација и волја од страна на клиентот, тимот ќе направи се што е потребно за успешно завршување на програмата. Тој е составен од професионалци кои го разбираат нашиот проблем и се максимално посветени да ни помогнат…

…Според мене Покров е единствената тераписка заедница во регионов или на Балканот, која според сите критериуми и норми може совршено да одговори на моите потреби. Мојот повик за помош беше очаен но стравот од предходните искуства кои ги имав со слични заедница, беше преголем и тоа ми представуваше огромен отпор за воопшто да помислам да се вратам во каков и да е тип на институција. Но бидејќи стравот од смртта беше поголем, знаев дека ако останам надвор мојот живот, за кратко време ќе заврши многу неславно! Се осмелив да дојдам, еден ден со своите родители во центаров, за само да видам како тој функиционира. Бев навистина позитивно изненадена. Одлуката веше моја, се вратив дома и веднаш ја донесов. Ги спакував куферите и тргнав на патотот кон мојот опоравување…