Select Page

ПРОГРАМА ЗА БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Како субјект на граѓанското општество во нашата општина, секторот за човекови права на здружението Избор повеќе од две децении обезбедува бесплатна правна помош и заштита на човековите права на ранливи и маргинализирани групи на граѓани пред државните институции.

Како носител за регионот на југоисточниот дел на државата учествува во повеќе проекти на обезбедување на заштитата на човековите права преку Проектот за заштита на човековите права од злоупотреба во полициска постапка во РМ (2004-2012) како и во проектот Спроведување на Законот за бесплатна правна помош како единствено здружение на граѓани кое во регионот (од август 2013) има овластување од Министерството за правда за давање на бесплатна правна помош согласно Законот за бесплатна правна помош.

Од ова искуство во работата на полето на човековите права и правната помош на маргинализираните граѓани во нашата општина како и од досегашните анализи се потврдува потребата дека општината како една од најразвиените во државата во кои се создаваат стандарди на живеење во современа и модерна урбана средина постоењето на една ваква канцеларија придонесува за повисоки стандарди и поквалитетни услови за живот на сите граѓани.

Здружението обезбедува заштита на човековите права во постапките пред државните органи во остварувањето на загарантираните со уставот права како и давање на бесплатна правна помош од областа на социјалната, здравствената заштита и права, правата од работните односи, управните и во постапките пред сите останати државни институции.

Согласно Законот за бесплатна правна помош се обезбедува претходната правна помош која вклучува обезбедување на општи правни информации, иницијални правни совети, како и правна помош во поднесувањето на барањата за бесплатна правна помош. Доколку постои потреба од застапување во управна и судска постапка, ќе се обезбеди правна помош во подготовката и поднесувањето на барањето за бесплатна правна помош до надлежното подрачно одделение на Министерството за правда заради добивање на бесплатна правна помош од адвокати во судските и управните постапки.

Здружението има вработено лице дипломиран правник со положен правосуден испит и е осигурано од одговорност за сторена штета од дадената правна помош, со што се гарантира професионалноста и квалитетот за обезбедената правна помош.

На овој начин целните групи ќе добијат место каде ќе можат да добијат и информации за правната уреденост за определени прашања кои ќе овозможат полесно решавање на правните проблеми во кои се наоѓаат, како посебно ранливи групи граѓани, во остварувањето на своите граѓански права и слободи во секојдневното живеење.

На тој начин ќе им се олесни пристапот до државните институции преку што ке добијат квалитена алатка во заштитата и остварувањето на своите права загарантирани со уставот во случаите кога овие права им се загрозени од злоупотреба.

Општа цел

Да придонесе за подобрување и олеснување во остварувањето на правата и потребите пред државните институции и еднаквост во остварувањето на своите права и потреби на целните групи на граѓани, како и ефикасност и достапност на заштитата и почитувањето на основните човекови права.

Фотографија од прославата на денот на човековите права 10.12.2010 во просториите на на Палатата на ЕУ во Скопје. Борис Гудев е претставник од Здружението Избор Струмица