Select Page

Тераписката Заедница Покров како Социјално претпријатие

Што е социјално претпријатие?

Како што е дефинирано од страна на нобеловецот Проф. Мухамед Јунус, социјален бизнис значи справување со социјалните проблеми користејќи економски, финансиски и менаџерски инструменти соодветни за бизнис. Социјалното претприемништво има подолга традиција во Европа. Социјалното претприемништво делумно опфаќа задруги, непрофитни или ниско профитни организации, локални одбори и др. И покрај своите многубројните форми, социјалното претприемништво во суштина е планирана активност со цел справување со социјалните проблеми низ бизнисот. Како “нормален“ бизнис тој генерира профит, кој профит обично е реинвестиран за социјални цели наместо да биде дистрибуиран на сопствениците. На некој начин социјалното претприемништво значи интегрирање на етичката перспектива во бизнисот. Започнување на социјално претпријатие има две позитивни страни: генерира нови работни места и се справува со социјални проблеми.

Придобивки од социјалната економија

Со социјалното претпријатие се постигнува значителен придонес за доброто на општеството, животната средина и локалните заедници и се промовира претприемачки дух. Се постигнуваат економски резултати, а профитот се користи за развој. Се нудат нови услуги и можности, најчесто наменети за маргинализираните групи. Се поттикнува одржливиот развој и се интегрира грижата за животната средина. Економските активности се базираат на развивање на раноградинарско органско производство. Главната цел на Социјалното претпријатие Покров е работна интеграција на ранливите групи (лица со проблем од употреба на дрога, акохол и хазард). Се отвораат одржливи работни места за лицата кои ќе го завршат процесот на опоравување во Тераписката заедница Покров. Социјалната економија е двигател на иновации.