Select Page

Место и улога на Избор во општеството

Здружение Избор има лидерска улога во регионот и пошироко. Избор е единствена организација која во своето постоење ги создаде сите потребни програми за целните групи кои ги опфаќа.

Организациски аспекти

Здружение ИЗБОР функционира преку реализација на повеќе програми:

1. Превентивни програми

– Континуирана едукација за подигање на свеста кај целокупното население со цел превенција од употреба на дрога,
– Обуки за антистигма програми,
– Идентификација на групите со висок ризик,
– Развивање на наставни програми за превенција од ХИВ, злоупотреба со дроги, алкохол и други психоактивни супстанци и нивна имплементација во основното и средно образование како составен дел на пошироките здравствено воспитни активности во училиштата.

2. Програма за намалување на штети
– Достапност до стерилна опрема (игли и шприцеви), дезинфекциски средства, презервативи на интравенските корисници на дрога,
– Анонимно доброволно тестирање за ХИВ, Хеп. Б, Хеп. Ц., на интравенските корисници на дрога,
– Континуирани акции за отстранување на употребените игли и шприцеви и нивно безбедно складирање,
– Дијагноза, интервенции и советување од страна на лекар и препраќање до соодветните медицински институции,
– Советодавна и советувалишна работа од страна на социјален работник заради остварување на право на здравствена заштита и социјална помош.

3. Програма за сексуални работници
– Едукација за превенција од ХИВ и други сексуално преносливи инфекции,
– Теренска работа помеѓу сексуалните работници,

4. Програма за прифат, третман и лекување
Супститационата терапија се обезбедува под медицинска контрола на лицата што употребуваат опијати. Замена за опијатите можат да бидат метадонот, бупренорфинот, кодеинот, ЛААМ и тинктура на опиум и хероинските програми. За сега во нашата пракса како супститути се користат метадон и бупренорфин.

5. Програма за рехабилитација, ресоцијализација и реинтеграција
Тераписката заедница ПОКРОВ е основана заради огромната потреба од ваква институција во нашата држава и пошироко во регионот. Целна група се лица кои имаат проблем заради злоупотреба на дрога и алкохол и хазард.

6. Програма за бесплатна правна помош
Подобрување и олеснување во остварувањето на правата и потребите пред државните институции и еднаквост во остварувањето на своите права и потреби на целните групи на граѓани, како и ефикасност и достапност на заштитата и почитувањето на основните човекови права.