Select Page

Биди и ти превентивен работник – превентивна кампања за превенција од дрога и алкохол

Биди и ти превентивен работник – превентивна кампања за превенција од дрога и алкохол, е проект кој се реализира од страна на Здружението ИЗБОР Струмица на територијата на Општина Струмица и чие времетраење на проектот е 12 месеци. Проектот е финансиран од Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (UNODC)

Општа цел на проектот е:

  • Поттикнувањe младински активизам во креирањето на младински програми за превенција од дрога и алкохол

Краткорочни цели на проектот се:

  • Зголемување на партиципативноста на младите во креирањето на програми за превенција од дрога и алкохол во неформалното образование
  • Вклучување на младите во врсничката едукација за превенција од дрога и алкохол
  • Создавање на коалиција од млади превентивни работници кои ќе едуцираат во областа на превенцијата од дрога и алкохол на неформален начин во нивните средини
  • Вклучување на младите во процесот на донесување одлуки на локално ниво во однос на неформалното образование за примарна превенција од дрога и алкохол

Целна група на овој проект се лица – млади луѓе на возраст од 13 – 18 години.

Главни активности во рамките на овој проект се:

  1. Реализирање на медиумска кампања за сензибилизација на јавноста и информирање во врска со проблемот на злоупотреба на дроги и алкохол
    1. Регрутирање на младите во изготвување на плакати, летоци и брошури
    2. Реализирање на ТВ програма со учество на стручни лица, НВО, младинци на тема превенција на дроги и алкохол

2. Организирање 20 работилници за превенција од дрога и алкохол за врсничка едукација со адолесценти и родители на адолесценти (здрави животни стилови, развој на животни/комуникациски вештини, справување со емоции, техники на одбивање)

3. Воспоставување на младински канцеларии за здрав живот во средните училишта

4. Организирање на заеднички средби ученици-родители на тема превенција од употреба на дрога и алкохол

5. Организирање на средби со советници во општината со цел обезбедување поддршка на превентивните програми