Select Page

Здружението за советување, лекување, реинтеграција и ресоцијализација на лица зависни од психоактивни супстанци ИЗБОР Струмица во соработка со ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување Скопје и Здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје, во рамките на проектот “Одговорна транзиција од финансиска поддршка на Глобалниот фонд кон одржливо финансирање на програмите за ХИВ превенција од националниот буџет”, организираше дебата на ден 29.11.2017 година со почеток во 12:00 часот во просториите на Терапевска Заедница ПОКРОВ во с. Баница.

Оваа дебата беше наменета за претставниците на локалната самоуправа на Општина Струмица, Медицински Центар Струмица (Одделение за инфективни болести и Одделение за психијатрија – Метадонски Центар Струмица), Казнено поправна установа – Затвор Струмица, Црвен Крст Струмица, средните училишта во Општина Струмица, локални медиуми и претставници на граѓански организации и граѓански активисти од Oпштина Струмица.

Дебатата имаше за цел да ги запознае стручните соработници, граѓаните и претставниците на граѓанските организации со работата на сервисите за оддржување на ниска преваленца на ХИВ/СИДА при ИЗБОР Струмица, со најголем акцент на изготвување на препораки и мерки за подготвување на локална стратегија за превенција од ХИВ/СИДА преку вклучување на различни релевантни засегнати страни.