Select Page

Почитувани,

Здружението за советување, лекување, реинтеграција и ресоцијализација на лица зависни од психоактивни супстанци ИЗБОР – Струмица во соработка со ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување Скопје и здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје, во рамките на проектот „Одговорна транзиција од финансиска поддршка на Глобалниот фонд кон одржливо финансирање на програмите за ХИВ превенција од националниот буџет”, организира дебата на 29.11.2017 г. (среда) со почеток во 12:00 часот во просториите на Терапевска Заедница Покров во с. Баница.

Оваа дебата е наменета за претставниците на локалната самоуправа на Општина Струмица, Медицински Центар – Струмица (одделение за инфективни болести и одделение за психијатрија – Метадонски Центар Струмица, Црвен Крст – Струмица, средните училишта во Општина Струмица, локални медиуми и претставници на граѓански организации и граѓански активисти од Oпштина Струмица.
Дебатата има за цел да ги запознае стручните соработници, граѓаните и претставниците на граѓанските организации со работата на сервисите за Оддржување на ниска преваленца на ХИВ/СИДА при ИЗБОР – Струмица, со најголем акцент на изготвување на препораки и мерки за подготвување на локална стратегија за превенција од ХИВ/СИДА преку вклучување на различни релевантни засегнати страни.
Доколку сакате да земете учество пријавете се електронски најдоцна до вторник, 28 ноември 2017 година, на маил: izborsr@gmail.com со доставување на име и презиме, институција и телефонски број.
Ручекот и патните трошоци до Терапевска Заедница Покров за учесниците ќе бидат покриени од страна на организаторот. Во прилог ви доставуваме и агенда од дебатата.
За дополнителни информации и/или прашања, слободно обратете се на е-маил:izborsr@gmail.com или тел. 078 603 412 (лице за контакт: Елена Стојкова).

Во прилог погледнете ја поканата како и агендата за претстојниот настан.

Ве очекуваме!