Select Page

Драги пријатели,

На ден 22.06.2017 во Хотел Парк Скопје беа промовирани и наградени со грант за развој првите 10 социјални претприемачи во Македонија во рамки на проектот “Оддржливо влијание на граѓанските организации од Македонија, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Турција преку социјално претприемништво и социјални иновации“, кој во Македонија се спроведува од страна на Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП), а е поддржан од Европска Унија со 90% од финансирањето и Градот Скопје. Помеѓу наградените социјални претриемачи од Македонија е и Здружението ИЗБОР Струмица, што претставува уште една потврда за нашата искрена и посветена работа на полето на социјалното претриемништво како и поттик повеќе за продолжување на нашата работа и во иднина. За повеќе информации за овој настан кликнете тука.