Select Page

Еднодневна студиска посета на Тераписка заедница ПОКРОВ

На ден 31.03.2017 година остварена е еднодневна студиска посета на Тераписка Заедница ПОКРОВ преку проектот “Социјално претприемништво: учење од практика и промоција“. Проектот е финансиран од Министерството за економија на Република Македонија, а спроведуван од Конект цели заради промовирање на разбирањето на социјалното претприемништво преку пренос на знаење од постоечки успешни примери.

Елиминирање на бариерите заради развој на социјалното претприемништво

Елиминирање на бариерите заради развој на социјалното претприемништво – Огромна и искрена благодарност до Social Impact Award заради промоција на активностите и работата на Здружението ИЗБОР Струмица. Сето ова е направено со цел подигање на свеста за социјалното претприемништво, изучување и пренесување на потребните вештини, реализација од планирање до конкретни вложувања, како и обезбедување на пристап до мрежите на социјални претприемачи и промовирање на најдобрите тимови со награда за нивното влијание во општеството. За да се запознаете со текстот кликнете тука.

Видео-сторија за Тераписка заедница ПОКРОВ

Изработена е видео-сторија во рамките на проектот “Известување за граѓанското општество и неговото влијание врз промените во општеството“, што го спроведува Македонскиот институт за медиуми во партнерство со Центарот за истражувачко новинарство – СКУП Македонија, со финансиска поддршка од програмата Цивика мобилитас. Видео-сторијата претставува низа на сведоштва на лица кои имаат проблем со дрога, алкохол и коцка и кои одлучиле да го поминат патот на рехабилитација, ресоцијализација и реинтеграција низ програмите на Тераписката заедница “Покров“. Видео сторијата можете да ја погледнете тука (кликни за повеќе).

Онлајн алатка за самопроценка на зависност

Почитувани,

Во рамките на проектот од Советот на Европа – Помпиду Група, експерти од неколку земји и Македонија изработија онлајн алатка за самопроценка на острината на зависност со неколу совети и информации. Во втората фаза ќе бидат изработени онлајн интервенции за третман на лесни форми на зависност. За таа цел оваа алатка е достапна на веб страната на Избор Струмица и истата можете да ја користите тука.

Одржана конференција за социјални иноватори

Во организација на “Млади Инфо“ на ден 05.09.2016 година во Кино “Фросина“ во Скопје беше одржана конференција за социјални иноватори во која учествуваше и Здружението ИЗБОР Струмица, и на која конференција беа презентирани производи од палетата на органски производи на Здружението ИЗБОР Струмица.

Панел дебата: Социјални претпријатија и вработување на маргинализирани групи

Панел-дебата одржана на ден 24.06.2016 година на тема: Социјалните претпријатија и вработувањето на маргинализираните групи: можности и предизвици. На дебатата учествуваше и Претседателот на Здружението “Избор“ Г-дин Сократ Манчев од Струмица. За повеќе кликнете на слениот линк…

Органско производство во Тераписка заедница ПОКРОВ

Почитувани пријатели,

Ни претставува огромно задоволство да Ве известиме дека излегоа првите берби на органското производство за 2016-та година, а кое органско производство е целосно произведено во Тераписката заедница ПОКРОВ. За повеќе информации во врска со органското производството контактирајте не на нашите контакт телефони.

Уредување и озеленување на дворот во Тераписката заедница ПОКРОВ

Почнувајќи од 04.04.2016 година започна акцијата на уредување и озеленување на дел од дворот во Тераписката заедница ПОКРОВ и истите активности ќе траат до 08.04.2016 година. Активностите подразбираат оплеменување на просторот со сезонско цвеќе, правење на саксии од палети и поставување на сет за седење со клуб маса. Активностите на уредување и озеленување на дворот во Тераписката заедница ПОКРОВ ја спроведоа активиски на Еколошко Друштво ПЛАНЕТУМ Струмица со помош на корисниците на Тераписката заедница ПОКРОВ. Активностите се спроведуваат преку проектот Зелена граѓанска акција во Струмица – проект на USAID за граѓанско општество, финансиски подржан од ФООМ, кофинансиран од Општина Струмица и подржан од ЈПКД Комуналец Струмица а партнери во проектот се и Организацијата на жени во Струмица и Младинскиот совет на Струмица. Проектот се спроведува со цел подигање на вештините за уредување, реупотреба на отпад и социјализација.

Кампања за донација

Патот до одвикнување од зависности е долг и тешок. Уште потешка е потоа повторната ресоцијализацијата и враќањето во општеството. Социјалното претпријатие ПОКРОВ им овозможува на своите клиенти успешно интегрирање преку нивен личен ангажман и работа во претпријатието. На тој начин тие повторно ја пронаоѓаат својата цел, се интегрираат во општеството, се грижат за себе и така – придонесуваат назад во заедницата, како самостојни индивидуи и даночни обврзници.

Вашата донација ќе помогне да им овоможиме помош на уште повеќе индивидуи да се вработат во социјалното претпријатие и да ги прошират своите економски дејности. Со вашата помош, донирате од заедницата за заедницата.

Кликнете тука за да го погледнете промотивното видео.

Поставена е нова публикација – Брошура за превенција од дрога и алкохол

Почитувани,

На сајтот на Здружението Избор Струмица поставена е нова публикација – БРОШУРА ЗА ПРЕВЕНЦИЈА ОД ДРОГА И АЛКОХОЛ. Брошурата е издадена од страна на Здружението Избор Струмица и е дел од проектот “Биди и ти превентивен работник“. За да се запознаете со содржината на публикацијата кликнете тука.

Резултати од Прашалникот за испитување на мислењето за ставовите, верувањата и вредностите на организацијата „Избор“.

Почитувани,

Извршена е анализа и обработка на резултатите од поставениот Прашалник за испитување на мислењето за ставовите, верувањата и вредностите на организацијата „Избор“. За добиените резултати од поставениот Прашалник како и за анализата на истите можете да се запознаете поопширно на следниот линк (кликни за повеќе).

Соопштение со заклучоците по јавната расправа на Комисијата за здравство во соработка со Меѓупартиската парламентарна група за ХИВ и Платформата за ХИВ на тема „Обезбедување на одржливост на воспоставените програми за ХИВ за групите под особен ризик од ХИВ по заминувањето на Глобалниот фонд на крајот на 2016 година – можности и предизвици”

Почитувани,

На јавната расправа на Комисијата за здравство во соработка со Меѓупартиската парламентарна група за ХИВ и Платформата за ХИВ, која беше одржана во Скопје, издадено е Соопштение со заклучоците по горенаведената јавна расправа на тема „Обезбедување на одржливост на воспоставените програми за ХИВ за групите под особен ризик од ХИВ по заминувањето на Глобалниот фонд на крајот на 2016 година – можности и предизвици”. За содржината на соопштението кликнете тука…

Донирајте за изградба на Црквата Св. ЈОВАН КРСТИТЕЛ

Почитувани,

Доколку сакате да извршите донација за изградба на Црквата Св. ЈОВАН КРСТИТЕЛ која се гради во дворот на Тераписката Заедница ПОКРОВ, Ве молиме тоа да го сторите на следната жиро сметка:

АЛФА БАНКА АД СКОПЈЕ – 280 102103722578

Прашалник за испитување на мислењето за ставовите, верувањата и вредностите на организацијата „Избор“

Прашалник за испитување на мислењето за ставовите, верувањата и вредностите на организацијата „Избор“

Почитувани, на горенаведениот линк е поставен Прашалник за испитување на мислењето за ставовите, верувањата и вредностите на организацијата „Избор“. Ве молиме да одвоите дел од Вашето време и да одговорите на поставените прашања. Одговарањето на прашањата нема да Ви одземе повеќе од 10 минути.

Однапред Ви благодариме.